Рок, хип хоп, џез и етно поп звуци на „Струмица Опен фестивал“

620
0
АКЦИЈА


Струмица живее во последните денови на Опен фестивалот. Манифестацијата која почна уште во текот на јули, финишира овие десет дена до 19 август. Камерниот оркестар на Битола со изведба на хитовите на Дип прпл, Лед цепелин, Квин, АС ДС, Рамштај го најави музичкото финале. Деновите до следниот викенд се исполнети со рок, хип хоп, џез, фанки, етно поп звуци, а ќе настапат и Нокаут, каролина Гочева, Влатко Стефановски со летната школа за гитара. Публиката зодоволна од понуденото.

Организаторите велат дека само во првите два дена имале околу 10 илајди посетители.

Очекуваат се да оди според планираното.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, на отворањето на официјалната програма, истакна дека Струмица опен фестивалот во овие седум години прерасна во манифестација која е препознатлива за градот.

Опен Фестивалот годинава е под мотото „Слушај го срцето“ , со мисија целосно бесплатна забавна програма за сите возрасти и вкусови.

Тамара, Владо Јаневски, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена, Црвена јабука, Дубиоза колектив, Саша Ковачевиќ се дел од музичките имиња кои наредниот викенд ќе настапат како дел од Струмица Опен 2018.

Репортерка: Катерина Дафчева