Првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски очекува политички притисоци

757
0
АКЦИЈА


Новиот состав на ДИК е формиран од членови на политичките партии. Овој состав треба да го организира референдумот кој ќе се одржи на 30 септември. Претседателот на комисијата Оливер Деркоски за РСЕ вели дека иако сите членови доаѓаат од политичките партии, тие ќе ја завршат својата работа професионално. Деркоски не ја исклучува можноста од политички притисоци, но вели дека сите членови го имаат потребното искуство за надминување на оваа ситуација.

Иако во Македонија не е направен попис на населението од 2002 година, а Избирачкиот список не е прочистен, односно се уште има запишани починати лица и лица со украден идентитет, сепак Деркоски вели дека бројката е реална.

Секој граѓанин кој наполнил 18 години и има важечка лична карта или патни документи од Република Македонија, има право да биде во Избирачиот список. Референдумот, според законот, се смета за успешен доколку се постигне цензус, односно доколку излезат 50 отсто плус еден гласач и доколку повеќето од половината гласаат позитивно.

Репортер: Артан Нухиу