Затворската полиција бара ист третман како останатите припадници на МВР

1200
0
АКЦИЈА


Ивица е еден од 70-те затворски полицајци. Тој е распореден во Казнено поправната установа во Шутка. Веќе 11 години работи во овој затвор. Додека секојдневно си го ризикува животот чувајќи ги најголемите криминалци, примањата за работата што ја врши, се минимални, или како што кажува тој, едвај доволни за преживување. Секоја работа носи ризик, ама нашата е една од најопасните, вели Ивица.

Ивица вели дека не само што се изложени на опасност, туку и се сведени на работ на егзистенцијата. Едно од нивните барања е еднаков третман со колегите од МВР, за кој, вели тој, ни приближно не го добиваат.

„Шутка“ е само еден од затворите каде што ситуацијата е најкритична. Со лоши услови за работа и минимални примања од 14 илјади денари секојдневно се соочуваат околу 500 вработени од македонската затворска полиција. За да се надминат овие проблеми, од Синдикатот на затворската полиција бараат измени во новиот Закон за извршување на санкции. Очекуваат да добијат позитивен одговор од Министерството за правда.

Од синдикатот велат дека во земјава, на осум осудени лица, во просек има по еден вработен, но поради лошите услови, секојдневно голем број службеници ги напуштале работните места. Според Независниот синдикат на затворска полиција кој има членови во девет од 12 затвори низ Македонија, најкритичка е ситуацијата со затворите во Шутка и Идризово.

Репортерка: Данче Азманова