МВР во „лов“ на диви трки, одземени девет мотори

488
0
АКЦИЈА

При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, вчера на подрачјето на СВР Скопје биле одземени девет сомнителни мотоцикли.

Како што соопшти МВР, акцијата се одвивала од 18 часот вчера, до еден часот утринава, а била спроведена Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескортно обезбедување.

Мотоциклите се задржани поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

Полицијата во истиот период по однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, санкционирала 62 возачи за сторени сообраќајни прекршоци.