Хамнеј: Државните органи да поддржат политики против санкциите на САД

26
0
АКЦИЈА

Иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, денеска  ги повика државните органи да ја поддржат владата на претседателот Хасан Рохани во борбата против американските економски санкции, кои се на повидок, стои во говорот објавен на неговата официјална интернет- страница.

Хаменеи, истовремено, оцени дека е возможен евентуален „пораз” на американскиот заговор.

– Цврсто верувам дека ако владата ги преземе неопходните мерки, ќе може да ги надмине проблемите и да го победи американската заговор, вели Хаменеи .

Тој ги повика државните органи да ја поддржат владината економска политика.