СП 2018: Хрватска и Франција во борба за тронот

323
0
АКЦИЈА

Репрезентациите на Хрватска и на Франција денеска во Москва ќе играат во финалето на Светското фудбалско првенство.

Франција во мечот влегува како фаворит, и поради позвучните имиња, и поради поодморените фудбалери, за разлика од хрватските кои до финалето одиграа три натпревари на продолженија.

Сепак, „коцкестите“ најавија реванш за поразот од „триколорите“ на СП 1998 кога Франција беше домаќин и победи во меѓусебниот дуел во полуфиналето, а подоцно стана и шампион.

– Не ме интересира статистиката и не ми е грижа со кого играме. Стигнавме до финале и ќе дадеме се од себе. Целиот свет ја гледа Хрватска и мнозинството навива за нас. Одиме да одиграме „фајтерски“, изјави селекторот Златко Далиќ.

Од друга страна, Франција ја „брка“ втората титула светски првак.

– Пред две години во финалето на ЕП загубивме од Португалија, но тогаш имавме поинаков пристап. Финалето на Мундијалот е единствено искуство и екипите имаат различен пристап. Три збора се доволни – позитивност, концентрација и самодоверба, изјави францускиот селектор Дидие Дешан.

Натпреварот кој ќе го даде новиот светски шампион ќе се игра на „Лужники“ во Москва со почеток во 17 часот по македонско време.