Три лица од Тетово повредени во престрелка и пренесени на клиниките во Скопје

460
0
АКЦИЈА

Три лица се повредени во престрелка во Тетово и поради сериозноста на повредите пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Двајца имале прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија.

Од Ургентиот центар за МИА изјавија дека двајцата со повреди на абдоменот се оперирани и се во стабилна состојба. Се наоѓаат на Одделот за интензивно лекување.