Шкупи со празни раце се враќа од Шкотска, пораз од Глазгов Ренџерс (2-0)

430
0
АКЦИЈА

Шкупи со пораз го започна европското лето, откако вечерва Глазгов Ренџерс триумфираше над екипата од Чаир на „Ајрбокс“ стадионот во Шкотска.

Чаирчани можеа први да го отворат резултатот, откако по една повратна топка, Љамчевски биеше во пречката на Мекгрегор. Освен таа шанса, сите обиди на Шкупи беа јалови и се чекаше евентуална контра.

Пред крајот на мечот, дефанзивците на Шкупи направија фаул во нивниот шеснаесетник а судијата Дингерт покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Таверние.

Составот предводен од Зекирија Рамадани ќе има исклучително тешка задача на реваншот, кој се игра во вторник во во 17:55 часот.