Поканата официјализирана, Столтенберг и Заев ги ставија своите потписи

3244
0
АКЦИЈА

 

 

Го бакна пенкалото со кое го потпиша документот за официјализирање на поканата  за членство на Македонија во НАТО. Премиерот Зоран Заев, не успеа да ги сокрие емоциите во текот на примопредавањето на документот, на кој потписи ставија 29 лидери на земјите – членки на Северо-атланскиот сојуз. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека ова е историски ден, не само за Македонија, туку и за целиот регион и НАТО.

„Им честитам на сите кои со политичка храброст учествуваа во заложбата за подобра иднина. Ова е одлучувачки чекор, кој го отвора патот на вашата земја за да стане полноправна членка на НАТО. Преговорите за членство ќе почнат, со што ќе ѝ помогнеме на вашата земја за подготовките околу членството со целосни права. Сите процедури се компетирани и веднаш  откако сите членки на НАТО ќе го ратификуваат договорот, вашата земја ќе стане 30-та членка и ќе седне на нашата маса, со еднакви права во процесот на донесување одлуки“, реле Столтенберг.

Премиерот Заев, вели дека поканата за членство во НАТО, е резултат на постигнатиот договор со Грција, процес кој уверува дека ќе го заврши докрај. Според него, пристапувањето на Македонија во семејството на НАТО, подразбира стабилност за регионот.Заев, изрази жалење што Претседателот Ѓорге Иванов не е дел од делегацијата на Македонија во НАТО. Вели дека од Иванов не добиле ништо, ниту една порака или пак честитка за членството на земјата во НАТО. Воедно Заев побара поддршка од граѓаните за целосното финализирање на процесот.

Аднан Ќаили