Дескоска: ДИК да се формира што поскоро

453
0
АКЦИЈА

 

 

Доколку членовите на Државната изборна комисија не се изберат навреме, тогаш може да има проблеми во организирање на референдумот, вели министерката за правда, Рената Дескоска. Според неа, секое доцнење може да значи и недоволна подготвеност на новоизбраните членови да ги спроведат потребните активности.

Дека ДИК не треба да зависи од било кои други закони, вели и Артан Груби од ДУИ.

„Треба да се постигне компромис меѓу политичките партии, особено меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на другите закони. Но, според нас, ДИК не треба да биде заложник на политичките партии за дневни политики, туку треба што поскоро да го решиме ова и успешно да го организираме референдумот, чекорите од договорот постигнат со Грција, како и уставните промени“, посочи Груби.

 Во однос на формирањето на Државната изборна комисија, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, вели дека станува збор за прашање кое е клучно за одржување на референдумот и кое е приоритет за сите.

 Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се донесат два закони. Првиот за Влада, а вториот за финансирање на политичките партии. Неодамна претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски рече дека нема да закаже седница на Комисијата која е надлежна за изборот на членовите на ДИК се додека партиите не ги усогласат своите ставови.