Граѓаните со поделени мислења, Македонија во НАТО побрзо од очекуваното

1499
0
АКЦИЈА

 

Македонија не само што доби покана за во НАТО, туку истовремено доби и признание од Северо-атлантската алијанса, смета заменик-министерот за одбрана, Беким Максути.

„Интеграцијата во НАТО не е само процес за модернизација на војската, на внатрешните активности на војниците според стандардите на НАТО, туку и процес за исполнување на сите реформи во правосудството, политиката, медиумите итн“, посочи Максути.

Љубица Пендаровска, од форумот за безбедност во центарот “Маршал“ вели дека процесот се случил многу побрзо од очекуваното, имајќи ги предвид случувањата во земјава, вклучувајќи ја и политичката криза. Благоја Марковски пак, од Балканскиот форум за безбедност, вели дека до јануари 2019 година, освен армијата и министерството за одбрана, Македонија треба да се потруди и околу подготовките во другите државни структури.

Но што мислат граѓаните околу поканата за членство во НАТО? Тие се со поделени мислења по ова прашање. Сепак се согласни за една работа, дека сакаат работа и подобар живот.

Сепак, претставниците на власта ветуваат дека со поканата, но и полноправното членство во Алијансата, не само што ќе се подобри безбедноста на Македонија, туку се отвораат можностите и за економски развој, пред се преку зголемувањето на странските директни инвестиции.

Бесир Арифи