Османи: Поканата е официјална, без ниту едно условување

768
0
АКЦИЈА

 

На добивањето на покана за членство во НАТО, вицепремиерот за европски прашање, Бујар Османи, гледа како остварување на сон на многу генерации. Според него, освен безбедноста и мирот, НАТО, на земјата ќе ѝ обезбеди економски развој, со што ќе се отворат можности за странски инвестиции, нови работи места и за задржување на младите во Македонија.

„Ова е комплетиран процес со процесот на Европска унија, која следната недела ќе го започне скрининг процесот, со доаѓањето на еврокомесарот Хан и со давањето нова динамика за напредокот на земјата. Нема простор за поинакви толкувања на поканата. Поканата е официјална без никакво условување. Единствениот момент кој во меѓувреме ќе треба да се дополни е спроведувањето на Договорот со Грција и уставните измени, по што следува и ратификација во грчкиот Парламент“, порача Османи.