Вардар загуби на гостувањето во Ерменија од Пјуник

70
0
АКЦИЈА

Вицепрвакот Вардар со пораз се враќа од гостувањето во Ерменија кај Пјуник со 0-1.

Тимот на Бобан Бабунски не успеа да постигне погодок на „Вазген Сагрсјан“ и ќе мора да брка негатива од еден гол на „Филип Втори“ во Скопје.

„Црвено-црните“ имаа почеток на натпреварот со многу осцилации во играта, а како одминуваше времето, ја превзеде доминацијата, но, за жал, не беше крунисана со гол.

Победникот беше решен во 28. минута кога Конате само постави нога на ударот на неговиот соиграч, а топката го смени правецот и го измами Гачевски.

Барсегјан имаше добри шанси за израмнување, но не успеа, па за седум дена на реваншот во Скопје, Вардарци ќе мора да бркаат негатива од еден гол.