Просинечки: Државата ни се распаѓа, но нека се радуваат луѓето

1170
0
АКЦИЈА

Хрватска е во фудбалско лудило, откако синоќа „коцкестите“ се пласираа во финалето од Светското првенство во Русија, каде противник ќе им биде Франција.

Хрватската фудбалска икона, Роберт Просинечки, го поздрави пласманот на својата земја во финалниот дуел, иако како што вели, земјата се распаѓа но луѓето нека се радуваат.

„Земјата е во делириум. Јас додека бев фудбалер, можеби на внимавав на тоа, но сега гледам дека на луѓето тоа им знали. Земјата се распаѓа, но нека се веселат луѓето“, изјави Просинечки за ХРТ.