Домино ефект: Игуаин пред трансфер во Челзи

54
0
АКЦИЈА

Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин, може да ја продолжи својата кариера во Челзи.

Се шпекулира дека аргентинскиот напаѓач ќе се согласи да оди кај „сините“ од Лондон ако премиерлигашот ги задоволи неговите финансиски барања.

Во Торино, платата на 30-годишниот напаѓач изнесува 7,5 милиони евра и тој не се согласува за помалку од седум милиони евра.

Претходно беше објавено дека раководството на Јувентус е подготвено да го продаде Игуаин за да го запази финансискиот ферплеј по купувањето на Кристијано Роналдо.