Историски успех- Хрватска ќе игра финале на Светското првенство

432
0
АКЦИЈА

Селекцијата на Хрватска вечерва постигна историски успех откако по победата од 2:1 против Англија обезбеди пласман во финалето на Светското првенство.

Но, почетните неколку минути од натпреварот не навестуваа такво нешто. Англија поведе со прекрасниот гол од слободен удар во 13-минута на Трипир.

Сепак, како одминуваше времето Хрватите играа се подобро, а израмнувањето стигна во 68-минута преку Перишиќ. Херој на Хрватска е Марио Манџукиќ кој во продолженијата на натпреварот, поточно во 109-минута постигна гол за 2:1 и победа за финале.

Тимот на селекторот Златко Далиќ 20 години подоцна постигнува поголем успех од генерацијата на напаѓачот Давор Шукер и селекторот Мирослав Блажевиќ. Во 1998 година на СП во Франција, Хрватска го освои третото место откако славеше со 2:1 против Холандија. Токму од Франција згубија во полуфиналето со 2:1, а најдобар стрелец на тој Мундијал беше Давор Шуќер со 6 постигнати голови.