Јовановски по победата против Хонвед: Шансите за пласман се 50-50

535
0
АКЦИЈА

Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски беше среќен по победата на ,,Романтичарите” против Хонвед.

-Претстои реванш кој нема да биде лесен. Има уште еден меч и ќе биде тешко. На наредниот меч во Будимпешта ќе одиме да постигнеме гол, не одиме да се браниме, туку ќе нападнеме, изјави Јовановски.

Стратегот на Хонвед, Атила Шупка не беше задоволен од прикажаната игра на неговата екипа против Работнички.

-Не можевме да контролираме некои играчи. Направивме неколку грешки, игравме со едно темпо. Претстои реванш и имаме шанси за следна рунда, изјави Шупка.