Пукотници во Струмичко Ново Село, Уапсен градоначалникот, осомничен за шверц со цигари

1618
0
АКЦИЈА

 

Комбиња полни со картонски кутии со цигари, мотор,  токи воки комуникација, двоглед, фрлена торба, биле дел од реквизитите што ги користела петчлената група шверцери, на чело со градоначалникот на Општина Ново Село, а во која била вклучена и неговата сопруга и членови на семејството.  29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, пронашла  полиција во возилото кое го управувал градоначалникот Стојчев, кога групата, околу 19 часот  била пресретната во близина на село Баделен.

Од полицијата додаваат дека употребила предупредувачки истрели по обидот на второто возило да побегне од местото на настанот. Жителите на Ново Село, не сакаа многу да зборуваат пред камера за настанот и велат дека не знаеле дека градоначалникот им е приведен.

Извршен е увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител, а лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица. Пронајдените кутии со цигари се одземени.  СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Катерина Дафчева