НАТО ја покани Македонија, но за полноправно членство ќе мора да се смени името

475
0
АКЦИЈА

 

На Самитот на НАТО во Брисел, 29-те земји членки едногласно одлучија Македонија да добие покана за старт на преговорите за членство во Северо-атланскиот сојуз. Тоа значи дека 30-то место е резервирано за Македонија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција рече дека Договорот меѓу Скопје и Атина и ги отвори на Македонија вратите да стане полноправна членка на НАТО.

Сепак, Столтенберг јасно стави до знаење дека само со промена на уставното име, Македонија може да стане полноправна членка на НАТО.

Во официјалниот документ во кој се содржат заклучоците од земјите членки на НАТО, пишува дека на Самитот во Букурешт во 2008 година, ПЈРМ доби покана за членство во Алијансата под услов да се постигне прифатливо решение за спорот со името во рамки на ООН.

Македонија денешната покана ја добива со кратенката ПЈР, а по пристапниот процес кој се очекува да трае од 6-18 месеци, полноправното членство ќе биде под новото име – Република Северна Македонија. Македонија е земја кандидат веќе 19 години. Во 2008 година на Самитот во Букурешт, кога беше на чекор до добивање на покана, Грција одлучи да стави вето поради проблемот кој го има со уставното име.

Аднан Ќаили