Случај „Монструм“: Семејствата на убиените момчиња се сомневаат во политички игри

764
0
АКЦИЈА

Претходно поради технички причини, денеска поради боледувањето на вториот судија во случајот „Монструм“ беше одложено рочиштето на кое требаше да се сослуша загрозениот сведок. Откако судијата Огнен Ставрев кажа дека денеска ништо нема да се работи, бурно реагираа родителите на убиените момчиња. Со неверување дека судијата се разболел во јули, обвинија дека судот намерно го одолговлекува судењето.

Родителите во судница рекоа дека шест функционери на ДУИ и премиерот Зоран Заев се тие кои што ја кочеле постапката. Судијата Ставрев им одговори:

Застапничката на семејствата од судот побара поголема сериозност кога се работи за овој случај кој е од интерес за целата јавност.

Загрозениот сведок Е1 за прв пат во постапката за случајот „Монструм“ беше сослушан во декември 2013. Тогаш јавноста беше исклучена од ова сведочење. Но, во повторената постапка судијата Ставрев дозволи новинарите и семејствата на обвинетите и убиените да го слушнат ова сведочење.

Михајло Видимлиски