Потпишан договор со ФАО, стратегија за справување со климатските промени

464
0
АКЦИЈА

Заедно со Обединетите Нации и Зелениот климатски фонд против влијанието на климатските промени и последиците од нив. Претставници на владата потпишаа  договорот со ФАО за изработка на национална стратегија.

Без стратегија за справување со климатските промени и конкретни активности, земјоделците и нивните посеви се оставени на милоста и немилоста временсите неприлики.

Последниот случај во кој земјоделците по силно невреме очекуваат помош од државата, беше Општина Могила која прогласи елементарна непогода.

Уништени посеви, пропаднат род, залуден труд. Ваква беше сликата по обилните врнежи и градот пред неколку дена.

Во изминатите неколку години единственото решение за нивниот уништен труд земјоделците го бараат кај властите. Се прават проценки на штети, а потоа се чека обештетување. Мал е бројот на оние кои ги осигурале нивните посеви, некои поради немање средства, а други, како што велат, лошите услови кои им ги нудат осигурителните компнаии.

Данче Азманова