Ќе продолжи реставрацијата на амфитеатарот во „Скупи“

615
0
АКЦИЈА

Во 2016 година почна реставрација, конзервација и реконструкција на амфитеатарот на локалитетот Скупи. Истата година овој локалитет беше прогласен за културно наследство со посебно значење. Поради тоа се бара зачувување на оригиналноста на неговите објекти. Но, токму поради овој закон реконструкцијата на амфитеатарот беше прекината во септември 2017 година. Од Управата за заштита на културното наследство сега ветуваат дека ќе ја зачуваат автентичноста на античката сцена.

Овие идеи не беа во согласност со градбите од романскиот период, вели Митевска и додаде дека во амфитеатарот започнала изградбата на седиштата, но не може да се докаже колкав е нивниот број. Екс министерот за култура, сега национален координатор за култура, Роберт Алаѓозовски ја обвини минатата власт за, како што вели, незаконските работи во амфитеатарот.

Античкиот театар во Скупи е еден од најголемите во земјава, каде претставите имаат можност да ги следат над 5 илјади гледачи. Изграден е во 2 век во текот на римскиот период, односно во истиот период како Амфитеатарот во Стоби. До денеска, направени се повеќе истражувања на овој локалитет, пред Втората Светска Војна , во текот на 60-те години, а последните се во периодот од 2013 до 2015.

Бесир Арифи