Фестивал на адреналин, планинарење и забава во Крушево

886
0
АКЦИЈА

Додека камперите со своите шатори се сместуваа покрај крушевското езеро, организаторите заедно со лицата вклучени во целиот фестивал ги правеа финалните подготовки за старт на забавата.

Почна со локални ди-џеи, а потоа организаторите го означија фестивалот за отворен.

Следеше настап на Игор Џамбазов и Гуру Харе со нивниот бенд, кои ја загреаја атмосферата.

Во саботата утрото започнаа планинарските и велосипедски тури, на различна должина, низ планинските предели на Крушево.

На планинарската тура во должина од 20 километри, учество зедоа околу 60-тина планинари и рекреативци. Додека пак на велосипедските тури, учество зедоа околу 50-тина велосипедисти.

Катерина Јордановска е член на планинарското друштво „Козјак“. Таа веќе неколку години ги посетува планинските предели, а верува дека наредната година ќе има уште повеќе учесници на овој фестивал.

Овој град во текот на целото лето ќе биде мамка за параглајдеристите, а веќе од 8-ми до 21-јули ќе се одржи 8-то Светско првенство во змејарство класа 5 во дисциплината „крос кантри“ и 20-то Европско првенство во змејарство „класа“ 1.

Јорданчо Цветаноски