Денеска почнува „Кога во Крушево“, фестивал на адреналин, спорт и многу музика

675
0
АКЦИЈА

За сите љубители на адреналински авантури, второто издание на фестивалот „Кога во Крушево“, од 29 јуни – 01 јули ќе понуди активен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено.

Доколку сакате да поминете еден незаборавен викенд, да почувствувате малку возбуда преку ден, а навечер да се забавувате со врвни изведувачи, тогаш пријавете сѐ за учество на второто издание на авантуристичкиот фестивал на крушевското езеро „Кога во Крушево“. Ве очекуваат голем број на спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со Heli XC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетници и уште многу други активности!

Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.

За најголемите авантуристи е организирана камп зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви.

Вечерите се резервирани за добра забава со Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бета Хаус, разни ди-џеи и реге атракцијата од Јамајка Inner Circle!