Во општина Аеродром лицата со инвалидитет како да се избришани од живите!

395
0
АКЦИЈА

На блузата на Боби  пишува “И јас имам право на живот“. Тој веќе 5 години  реагира против секојдневните проблеми со кои се соочува.  И покрај тоа што за ова време нема постигнато ниту една од своите цели, вели дека не се откажува. За Општина Аеродром, каде што живее веќе 29 години, вели дека има чувство како луѓето со посебни потреби да се избришани од листата на живите.

Боби има побарано средба со градоначалникот на Аеродром, но вели дека до сега тој не прифатил. Со години од локалните власти бара да бидат отстранети возилата од пешачките зони, но тоа најчесто не се случува.

И други лица со некаков телесен инвалидитет велат дека се чувствуваат дискриминирани и дека непроодноста долж пешачките зони ги попречува дури и да работат. Други пак, се поплакуваат на различни неправди  на работни места.

Билјана има работено како продавачка на билети. Но кога исчезнала сума пари од касата, таа вели дека била принудена да врати  100 илјади денари.

Според Бранимир Јовановски, претседател на здружението на лица со телесна попреченост „Мобилност“, овие луѓе секојдневно се соочуваат со проблеми.

Најчестиот проблем е тоа што голем број институции немаат обезбедено патеки, за овие лица да можат сами да влезат и да побараат услуги или помош.

Алмедина Исмајли