Сампаоли може да добие 20 милиони евра ако добие отказ

139
0
АКЦИЈА

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли ќе добие оштета од 20 милиони евра, во случај да му биде предвреме раскинат договорот.

Во текот на денот беше објавено дека играчите на националниот тим по пораз од Хрватска (0:3) на Светското првенство, апелираа до раководството на Федерацијата за смена на селекторот пред последниот натпревар во групата.

Договорот на Сампаоли со Аргентинската федерација е потпишан на пет години, со можност да биде прекинат по Американскиот куп-2019 година.

Сампаоли на селекторското место во Аргентина дојде во текот на летото на 2017 година, заменувајќи го тогаш Едгардо Бауза кој немаше добри резултати во квалификациите. Под негово водство Аргентинците успеаја да се пласираат на Мундијалот завршувајќи ги на третото место квалификациите во Јужна Америка.

Аргентина со Нигерија ќе игра на 26 јуни и се уште е со шанси да обезбеди пласман во следната фаза. Останува да се види дали до тогаш ќе има промена на селекторската позиција.