СП 2018: Хрватска со фудбалска лекција за Аргентина и Меси

468
0
АКЦИЈА

Селекцијата на Хрватска се пласираше осминафиналето на Светското првенство во Русија откако стигна до втората победа на Мундијалот. Вечерва тие ја совладаа селекцијата на Аргентина со убедливи 3:0.

Ребиќ, Модриќ и Ракитиќ постигнаа три прекрасни голови за убедлива победа.

Претходно денеска, Данска и Австралија ремизираа 1:1, а Франција стигна до минимална победа од 1:0 против Перу со голот на Мбапе.

Утре на програмата се три натпревари, Бразил се среќава со Костарика, Нигерија игра против Исланд, а во вечерниот термин Србија против Швајцарија.