Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник

29
0
АКЦИЈА

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

– Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.