Мицкоски го повтори ставот: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи договорот

414
0
АКЦИЈА

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но и Извршниот комитет на опозициската партија нема да го поддржи договорот со Грција за решението новото име да биде Република Северна Македонија. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски уште еднаш ги повтори ставовите, дека овој договор е спротивен на државните и националните интереси.

„Станува збор за решение кое е комплетно спротивно на националните и државните интереси на Република Македонија. Едногласно заклучивме дека станува збор за решение кое самото по себе е капитулантско. Пратеничката група, но и Извршниот комитет беа едногласни и ги повторија веќе познатите позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имало во минатото, нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име“, порача Мицкоски.