Во пресрет на Фитер Бајрам: Празнична честитка од поглаварот на ИВЗ

730
0
АКЦИЈА

 

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, на сите верници од муслиманска вероисповед им го честиташе празникот Фитер Бајрам.

Тој цитираше порака на пророкот Мухамед, кој за денот на празникот Бајрам вели: На денот на Бајрам, ангелите стојат на секој агол од патот и извикуваат – Верници побрзајте кон вашиот верен Господ, бидејќи тој нуди бескрајни добра и дарува со најдобри подароци. Бидејќи ви нареди да се молите преку ноќ и вие тоа го направивте, ви нареди да постите преку ден, а вие и тоа го направивте. Го испочитувавте нашиот Господ, затоа прифатете ги даровите.

„Придржувајќи се до ибадетите, всушност сме поблиску до нашиот Господ, кој го олеснува задоволството, држејќи ги ѓаволите под окови и сѐ друго што може да нѐ доведе до искушение и да го намали нашето трпение. Ова задоволство кулминира на денот на Фитер Бајрам. Со оваа чиста душа, свечено можеме да го започнеме празникот, помагајќи си меѓусебно, браќа, сестри, деца, родители, соседи, не заборавајќи го сиромавиот, сите оние кои имаа потреба и сираците. На тој начин ќе бидеме похумани и посовесни за добрата што ни дава Господ“, истакна Реџепи.