Пописот на населението да го разликува државјанството од националноста

1039
0
АКЦИЈА

 

Според последниот попис на населението во 2002 годна, Македонија има 2,022,547 жители, од кои 64.18% се Македонци, 25.17% Албанци и другиот дел се од другите помали етнички заедници. За 16 години државата нема официјални податоци за демографијата на земјата. По неуспешниот попис во 2011 година, нов попис се очекува да се одржи по две години. Но, според директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски на пописот, етничката и религиската припадност се непотребни.

Според дел од експертите со пописот на населението треба да се разликува државјанството и националноста. Според колумнистот Нијази Мухамеди, со овој метод се парализира спроведувањето на Рамковниот договор и правата на другите етнички заедници кои не се Македонци.

„Се манипулира поради тоа што сакаат да го редефинираат концептот на основа на договорот со Грција, за државјанство, националност и јазик. Дури, во случај ние  Албанците да го оспоруваме за да ги бараме нашите права во ООН, ќе ни кажат дека тоа не го дозволува договорот со Грција“, вели Мухамеди.

Мухамеди вели дека и албанската дијаспора ќе се регистрира во квадратчето  за мигранти.

„Во нашиот случај, јас предвидувам дека дијаспората ќе биде „осакатена“, доколку не и дадеме важност на методологијата која треба јасно да се дефинира во текот на пописот. Кај дијаспората мислам дека ќе се манипулира и ќе се прогласат како непостојани граѓани, кои пасивно придонесуваат за развојот на оваа  земја“, додава Мухамеди.

 Пописот на населението во Македонија се очекува да се одржи во април 2020. Според директорот на Заводот за статистика Симовски треба да се ангажираат околу 5 000 лица, а целиот процес ќе чини 8.5 милиони евра.

Аднан Ќаили