Граѓаните се повеќе купуваат баклава, отколку што ја подготвуваат дома

412
0
АКЦИЈА

Ден пред големиот празник Фитер Бајрам, голем број на муслимани се одлучуваат да купат баклава за празничната трпеза. Ова е едно од традиционалните јадења кои се послужуваат на гостите за време на овој празник. Со векови наназад секоја домаќинка сама го подкотвувала овој десерт. Но, како одминуваа годините, се повеќе се ослучуваат да ја купат.

„Цените се нормални, всушност тој што го работи овој бизнис нема голема заработувачка, но нема друго решение, мора да работи. Порано еден килограм беше 10 евра, а сега 6 или 7 евра. Не, ние не ја подготвуваме, поевтино ни е да купиме отколку сопругата сама да ја подготви.

Решивме да не ја мачиме жената, многу убаво ја подготвуваат и овие. Цените се поволни, просечни, задоволни сме“, велат граѓаните.

Продавачите на баклава велат дека продажбата за време на Бајрам секогаш е поголема, иако побарувачката не е многу послаба и во останатите денови.

„Во последно време продаваме дури и повеќе, за разлика од минатите години бидејќи мислам дека на луѓето им е полесно да купат. Денеска продажбата беше поголема отколку другите денови. Како секој друг бизнис, и ние го чекаме Бајрам, бидејќи знаеме дека продажбата е зголемена“, додава Басри Камбери.

 Продавачот Басри Камбери додаде дека цените на производите потребни за овој десерт не се зголемени пред празникот, па затоа и цената на баклавата е поволна. Тенки кори, ореви и шербет, рецепт кој со векови останал непроменет и е најупотребуван за време на празникот Бајрам.

Баклавата потекнува од Блискиот Исток, поточно од древна Асирија, а главно ја подготвувале Османлиите, Грците, Арапите, Бугарите. Се до 19 век баклавата се сметала како храна за богатите, за подоцна да стане главен десерт на овие простори.

Сара Кајоли