Средбата во рамки на Жан Моне: Џафери оптимист, очекува консензус за конклузиите

441
0
АКЦИЈА

Во дијалогот кој се одвива во Охрид во рамки на иницијативата „Жан Моне“, постои согласност меѓу претставниците на политичките партии, информираше претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој очекува конструктивност во дебатата околу текстот на Етичкиот кодекс со кој ќе се регулираат морално-етичките односи во работата на пратениците.

Етичкиот кодекс беше една од воведните теми на парламентарните групи кои дискутираат и за Деловникот на Собранието и буџетската независност.  Евро пратеникот, Иво Вајгл, кој е иницијатор на средбата заедно со Кнут Флекенштај и Едуард Кукан, тврди дека се дебатира за сите прашања за кои може да се постигне консензус.