БОМБА: Енис Барди на „радарот“ на ПСЖ и Интер

1398
0
АКЦИЈА

Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди е на „радарот“ на европските фудбалски гиганти ПСЖ и Интер.

Барди игра одлично оваа сезона во дресот на Леванте и го привлече вниманието на останатите клубови за негов ангажман.

Според „ЕСПН“, неговите игри веќе подолго време ги следат Пари Сен Жермен и калчолигашот Интер.

Барди оваа сезона постигна девет гола, а минатата седмица блесна против Барселона, откако двапати се запиша на листата на стрелците.