Судскиот совет се уште оценува кандидати

396
0
АКЦИЈА

Повеќе од два месеци скопскиот Апелационен суд го води в.д претседател а Судскиот совет се уште не ја завршил постапката за повторно оценување на кандидатите за оваа позиција. Иако во март мнозинството членови на советот одлучија да се спроведе повторно оценување и покрај тоа што само еден  судија побара вонредно да биде оценет, процедурата се уште не е завршена. Но Судскиот совет потврдува дека и понатаму досега пријавените 11 кандидати остануваат во трката.

„Постапката е во тек, интервјуата од предходно се спроведени и до комисијата нема стасано известување за повлекување на пријава“, велат од Судски совет.

Дел од членовите на Судски совет беа на став дека поради неправилностите во распределбата на предметите во судовите, односно злоупотребите со АКМИС-от , треба повторно оценување на кандидатите. На ваков став се и од Институтот за човекови права.

„Од аргументите кои беа изнесени од членовите на Судскиот совет, укажува на фактот дека голем дел од судиите не се оценети соодветно. Меѓудругото и поради тоа што има постапка за злоупотреба на АКМИС системот, односно при распределбата на предмети“, порача Мирослав Драганов.

За првото столче во скопска Апелација претендираат 11 кандидати, меѓу нив и актуелната в.д претседателка на тој суд Лидија Димчевска. Од истиот суд кандидати се и Ѓорѓи Радојков, Ќенанзија Мехмед и Јованка Никодиновска.

Но и судиите од скопскиот Кривичен суд, Добрила Кацарска, Огнен Ставрeв и Гордана Спиреска. Кацарска постапува по неколку предмети на Специјалното обвинителство. Токму неа екс премиерот Груевски по последното рочиште за случајот Тенк,  ја обвини за договор со премиерот Зоран Заев за да дојде до таа позиција.

„Заев направил одреден договор со главниот судија на процесот, госпоѓата Добрила Кацарска, дека тој нејзе ќе им овозможи таа да напредува во судија на Апелациониот суд и потоа и претседател на тој суд, а за возврат тој ќе добие да биде прогласен за невин во случајот Поткуп“, додаде Груевски.

Доскорешниот прв човек на второстепениот суд Љиљана Ивановска Шопова замина во пензија. За претседател на судот, Судскиот совет ја избра во 2015 откако претходно година и пол беше в. д.

Михајло Видимлиски