На 22 мај пресуда за „Триста“, Ѓоко Поповски одговара за набавката на возила на МВР

345
0
АКЦИЈА

На 22 мај ќе биде изречена пресудата за случајот на Специјалното обвинителство под име Триста во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба при набавката на 300 возила во МВР. Денеска обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборорви. СЈО бара осудителна пресуда.

Поповски рече дека е невин но и дека изминатиот период се соочил со низа закани и притисоци без да прецизира од кого. Во овој случај МВР побара штета од 450 илјади евра. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.