„Чкембари“ на протест пред општина Битола: Ќе преземеме радикални мерки доколку проблемот со Пелистер не биде решен

420
0
АКЦИЈА

Група од околу триесетина навивачи од навивачката група „Чкембари“ попладнево се собраа пред општина Битола и порачаа дека не задоволни од моменталното раководство на фудбалскиот клуб „Пелистер“, дознава ТВ21.

Тие пред неколку дена излегоа со соопштение во јавноста во кое го искажаа своето незадоволсто, за тоа како се води клубот и најавија преземање на по радикални мерки доколку проблемот не биде решен.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски во изјава за ТВ21 потврди дека денеска остварил средба со членови на навивачката група „Чкембари“ и биле разгледувани проблемите со кои се соочува најповеќе ФК Пелистер. Тој вели дека општина Битола веќе презема мерки за надминување на проблемите.

Овие протести следуваат по лошата фудбалска сезона на Пелистер, кој моментално е на дното од табелата од Првата македонска фудбалска лига, со што му се заканува и премин во ВМФЛ. Навивачката група „Чкембари“ веќе извесен период не дава поддршка на зелено-белите кога играат на домашен терен.

Јовица Пауноски