Трговците од Бит Пазар ќе го блокираат булеварот додека не се најде решение

626
0
АКЦИЈА

И денеска дел од продавачите на тротоар покрај Бит пазар протестираа затоа што се отстранети од таа локација. Тврдат дека немаат друг начин да обезбедат опстанок и дека од нивната работа се хранат околу 400 семејства. Мо градските и општинските власти во чаир не се откажуваат од идејата тротоарот кај Бит Пазар најпосле да биде прооден за пешаци и велосипедисти, а продавачите ги упатуваат кон слободните тезги на самиот пазар.

„Немаме каде да одиме, нашата судбина е во нивни раце, но изгледа тие не разбираат дека сме оставени за никаде. И за нас не е лесно овде да седиме 24 часа.

Сите зависиме од оваа работа. Имам седумчлено семејство, сите од ова место обезбедуваме јадење. Не сакаме да правиме проблеми, само бараме решение. Не ка ни најдат тезги, сакаме да продолжиме со работа.

Ни рекоа дека има слободно тезги во Бит Пазар, но внатре нема слободни тезги. Само не лажат. Ќе продолжиме да протестираме се додека не ја исполниме целта. Имавме средба со претседателите на  Општина Чаир и Град Скопје, но залудно.Ќе продолжиме да протестираме“, велат трговците од Бит Пазар.