Продавачите на цвеќе разочарани, велат, пливаат во вода на новата локација

479
0
АКЦИЈА

Дождот што вчера ја зафати земјата, им предизвика проблеми на продавачите на цвеќиња. Новата локација каде што се сместени тие е поплавена со вода поради нефункционирањето на канализацијата. Ова не им предизвикало поголеми материјални штети, но им ги избркало купувачите и им ја отежнала работата.

Револтирани од нивната состојба, продавачите не сакаа да зборуваат пред камера. Тие ни кажаа дека на своја иницијатива еден дел од просторот го циментирале со цел да спречат собирање на вода. Ним им било ветено од ЈП Водовод и Канализација, дека во понеделник овој проблем ќе се реши. Својот револт го изразуваат веќе неколку дена преку протест обидувајќи се да се вратат на старата локација на улица Крсте Мисирков.

 „Овде имаше многу вода. Два три часа не можевме да ја тргнеме водата. Потоа водата почна да излегува над цвеќето. Ни ветија дека ќе ја средат канализацијата, а канализацијата била многу оптоварена, уште пред 30 години се расипала. Имаме многу тешкотии. Вчера од водата не можеше да помине никој. Не знаевме како да преминеме на другата страна. Имаше и деца кои се исплашија и почнаа да плачат , изјави продавачот на цвеќиња  Зулфи Ќаили.

Алмедина Исмајли