Децата нè учат да садиме цвеќиња, на Цветниот фестивал 40 цвеќари

1319
0
АКЦИЈА

Петтиот фестивал на цвеќето во Скопје собра на едно место многу граѓани. Оваа година мотото на фестивалот е „На боите на виножитото“. Најентузијасти беа децата кои што читаа поезија и песни.

Лина, Мелиса и Леарт се 7-годишни, но знаат да насадат цвеќе. Тие ни раскажаа што знаат за цвеќињата.

Во текот на дводневниот фестивал, посетителите во Градскиот Парк ќе имаат можност да учествуваат во активностите што ги нуди програмата, да видат разни видови цвеќе и цветни аранжмани, да проследат претстави, да вежбаат јога на отворено, да слушаат музика и да поминат пријатни моменти со саканите. Главната цел на оваа манифестација е подигање на свеста на граѓаните за чување на животната средина, рече Адријан Муча од ЈП Паркови и Зеленило.

Од Град Скопје велат дека сезоната за садење веќе заврши, а што се однесува до програмата, претседателката на советот рече дека ќе продолжат со ваквите активности за одржување на животната средина.

На оваа манифестација, годинава присуствуваа 40 цвеќари и градинарски фирми за хортикултурно уредување, организации и невладини организации од областа на екологијата. Цветниот фестивал во Скопје има за цел да ги обедини сите љубители на цвеќето и природата, уметниците, децата и учениците кои ќе ги изразат своите вештини за цвеќето, уредувањето и цветно аранжирање.

Алмедина Исмајли