Младите се поретко се одлучуваат за електро-техника, а пазарот има потреба од професионалци

378
0
АКЦИЈА

Интересот на младите за средното Eлектро – техничко училиште, од година в година се намалува. Недостигот од електро-технички кадар се чувствува на пазарот на трудот.

„Поради недостигот од овој профил на пазарот на трудот, последните години се соочуваме со проблем да најдеме потребен кадар за оваа професија“, вели Вјоса Селими, ЕВН Mакедонија.

За да ги мотивира младите да се запишат во средно стручно училиште за електро-технички науки, раководството  на училиштето „Михајло Пупин“ побара поддршка од неколку компании, кои што им понудија на учениците пракса, а потоа и вработување:

„Според проектот “20-20-20“, до 2020 година ќе се вработат 20 ученици  кои што се дел од овие два класа формирани во училиштето „Михајло Пупин“.  Тие ќе примаат плата од 20 илјади денари“ вели Вјоса Селими, ЕВН Македонија.

За следната учебна година, 6 домашни компании понудија обука за идните електро-техничари.

Директорот на училиштето рече дека по завршувањето на три годишното образование, не мора да заврши и образовниот процес. Учениците од „Михајло Пупин“ можат да продолжат и на факултет, со стекнатото теоретско и практично знаење.

Бесир Арифи