Братот на Меган Маркл до принцот Хари: Уште не е доцна, откажи ја венчавката

443
0
АКЦИЈА

Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари, има полубрат како од „лош сон“.

Откако во една прилика изјави дека венчавката на неговата сестра за принцот Хари го уништила нивното семејство, Томас Маркл Јуниор одлучил по писмен пат да се обрати до својот иден зет и да му порача дека се уште не е доцна да ја откаже венчавката.

Томас на принцот му порачал дека времето минува, но дека се уште може да ја откаже венчавката со жена, која ќе го уништи кралското семејство.

– Не можам да верувам дека не ја гледаш Меган онака како што ја гледа целиот свет. Таа е актерка од Ц-категорија, која губи улоги бидејќи старее и сега сака да стане принцеза, напишал Томас Маркл, но тука не застанал.

– Нашиот татко поради нејзината актерска кариера падна во огромни долгови од кои се уште не се извлекол. Таа не му вратила ниту денар, додава Томас и му рекол на принцот да процени за каква личност станува збор.

– Своето сопствено семејство не го покани на венчавка, а повикала непознати луѓе, напишал Томас Јуниор.

Особено интересен е крајот на писмото. – Меган е мое семејство. Иако целосно не заборавила, ние неа не сме и секогаш ќе бидеме тука, заклучува Томас Маркл Јуниор во писмото.