Предистражна постапка за „Скопје 2014“, под лупа Државнот архив, неколку мостови и споменици

424
0
АКЦИЈА

Проектот „Скопје 2014“ е ставен под лупа на финансиската полиција. Од управата откриваат дека е покрената предистражна постапка под сомнение дека со овој проект биле испрани државни пари. Директорот Арафат Мухареми вели дека соработуваат со Основното јавно обвинителство и со СЈО за истрагата за финансиски злоупотреби направени во овој проект. Ќе се процесираат кривични пријави за сите прекршувања на законот, како за државните функционери така и за компаниите кои добиле тендери за Скопје 2014. Мухареми изјави дека украдените пари повторно ќе се вратат во државниот буџет.

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека проектот “Скопје 2014“ го преставува народниот идентитет на Македонија. Еден од членовите на Извршниот Одбор  на оваа партија вели дека проектот не ги задолжил граѓаните, туку напротив  ја наполнил државната каса со привлекување туристи.

 Но, не е само Скопје 2014. Како што вели директорот на финансиска полиција околу 11 милиони евра се злоупотребени од компанијата „Секјуриком“ која вршела хигиенски услуги и одржувала неколку државни институции, за што исто така има истрага. Мухареми вели дека освен за домашните компании предистражана постапка за корупција е покрената и за одредени странски инвеститори кои отвориле претставништва во Македонија.

Од одделот на финансиска полиција велат дека бројчаникот, кој го ветуваше Зоран Заев во предизборието Мухареми вели дека ќе биде поставен наскоро, додавајќи дека парите ќе им бидат вратени на граѓаните.

Аднан Ќаили