Шекеринска: Реформите ги спроведовме, НАТО нѐ очекува

493
0
АКЦИЈА

Македонија има уште важни задачи кои треба да ги исполни до јулскиот самит на НАТО, но таа заслужи да биде 30-тата членка на НАТО, бидејќи најголемиот дел од критиките веќе не се сметаат за слабост, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска по повод отворањето на НАТО-работилницата за координација на воени партнерства, чиј домаќин е Македонија.

Заменик шефот на Воениот штаб од Директоратот за партнерство на НАТО, Егил Педерсен, изјави дека Македонија е многу ценет партнер на Алијансата и дека соработката со НАТО е од суштинско значење. На работилницата во Скопје ќе се направи преглед и за тоа што НАТО сака да добие од партнерите.

Како што најави министерката Шекеринска, на денешната владина седница треба да биде одобрено зголемувањето на учеството на Македонија во мировните мисии, со уште тројца офицери од Македонија на германскиот контингент на НАТО во Авганистан, во период од четири месеци период кога се подготвуваат изборите во оваа земја. На работилница на НАТО учествуваат 180 претставници од земјите на НАТО и земјите партнери.

Зимер Јашари