Новиот тренер на Арсенал ќе добие 50 милиони фунти за трансфери

67
0
АКЦИЈА

Новиот тренер на Арсенал ќе добие ограничен буџет за трансфери, тврди Телеграф. Според публикацијата, новиот предводник на „Топчиите“  ќе може да потроши за зајакнување на составот не повеќе од 50 милиони фунти.

Оваа сума е помала од износот што лондончаните го потрошија во последните два трансфер прозорци. Во летото 2017 година, Арсенал плати за Александар Лаказет 53 милиони евра, а во зимскиот трансфер период Пјер-Емерик Обамејанг 63,7 милиони евра.

Арсенал по завршувањето на сезоната ќе остане без Арсен Венгер кој си заминува од клубот по 22 години.

На листата можни наследници на тренерското место на Венгер се Луис Енрике, Томас Тухел, Карло Анчелоти, Масимилијано Алегри, Патрик Виера, Микел Артета, Тјери Анри и Јулиан Нагелсман.