Просечната плата во февруари 23.158 денари

407
0
АКЦИЈА

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи зголемување од 3,6 проценти во однос на февруари лани. 

Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 14,5 проценти, преработувачка индустрија за 10,7 проценти и информации и комуникации  за 10,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 26,4 отсто, Транспорт и складирање за 11,7 отсто и Рударство и вадење на камен за 9,9 проценти.

Просечна месечна бруто-плата по вработен во февруари 2018 година изнесува 33.994 денари.