Косовски државјанин настрада во сообраќајка во Скопје

607
0
АКЦИЈА

Државјанин на Косово вчера попладне починал кога изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека вчера во 17:00 часот во Скопје на булевар „Никола Карев“ Ш.Х.(48) од Косово, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера.

По незгодата лицето во тешка состојба е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на настанот.