Конте: На Мурињо му беше полесно во Челзи

96
0
АКЦИЈА

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, изјави дека на неговиот претходник Жозе Мурињо му било многу полесно на клупата на лондонскиот клуб и дека споредбите меѓу нив двајца не се фер.

Конте го наследи Мурињо пред две години и на првите сто натпревари со Челзи имаше помалку победи од португалскиот стручњак. Мурињо оствари 72 победи, а Конте 65.

– Можев повеќе, така размислувам. Но, не заборавајте дека Мурињо имаше 72 победи пред многу години, а сега е потешко со Челзи да се остварат такви резултати. Ова е поинаков период за клубот, постојат други работи и тоа мора да се земе предвид, истакна Конте.

Тој потенцира дека лани Челзи ја освоил титулата, откако претходната сезона бил десетти на табелата.

По успешната дебитантска сезона, Конте влезе во расправа со раководството и сериозно размислува да го напушти клубот.