За шест саати во Скопје санкционирани 248 пијани возачи

44
0
АКЦИЈА

Од 726  контролирани возачи во Скопје во период од 23 часот синоќа до пет часот утринава, 248 возеле под дејство на алкохол, соопшти денеска на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

При спроведената акциска контрола на МВР за откривање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, полицијата санкционирала уште 250 други прекршоци како што се возење со поголема брзина од дозволената и др.

Од МВР најавија дека полицијата ќе продолжи со вакви контроли, за како што нагласија, да се стави ред во сообраќајот и информираа дека набавени се  нови 80 дрегери – апарати за проверка на алкохол кај возачите. Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност на патиштата.