Заврши авантурата на Балотели во Ница

118
0
АКЦИЈА

Напаѓачот на Ница, Марио Балотели, потврди дека ќе замине од францускиот клуб.

– Останаа уште пет натпревари..Ова беа возбудливи две години. Ви благодарам за се, напиша на социјалните мрежи фудбалерот.

Нему на крајот од сезоната му истекува договорот со Ница, по што ќе биде слободен играч. Иако се уште нема конкретни информации за неговиот иден ангажман, според одредени гласини тој повторно може да се врати да игра во италијанското првенство.

Балотели досега настапуваше за Милан, Интер, Манчестер сити и Ливерпул.